Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Ибричиќ во погон ,Стојчевски на позајмица , Чумбе ослободен
Ибричиќ во погон ,Стојчевски на позајмица , Чумбе ослободен

Ибричиќ во погон ,Стојчевски на позајмица , Чумбе ослободен

Стручниот штаб на Фк Вардар донесе одлука за неколку играчи на подготовките во Анталија. Штоперот Стојчевски Столе ја напушта Турција и се враќа во Македонија каде ќе настапува за тимот на Тетекс како отстапен играч со цел да обезбеди минутажа до крајот на оваа сезона.

Камерунецот со Француски пасош Чумбе кој беше на проба кај црвено-црните не успеја да се наметне кај тренерот Андреев. Тој ги напушта црвено-црните бидејќи не ги задоволува потребите за проектот на градење на силен тим . Тој е ослободен од понатамошните обврски према Вардар .Другиот фудбалер со нерешен статус кој се уште е на подготовките Рускиот интернационалец Денис Талалај останува и понатака со тимот обидувајќи се со добри игри на следните тест-мечеви да се наметне за договор .

Босанскиот интернеционалец и екс репрезенативец на БиХ со 42настапа и 4погодока за репрезентацијата Ибричиќ се приклучи на тимот ги одработи првите тренинзи со останатите момци. Очекувањата од него се големи знаејќи ги неговите квалитети и неговото фудбалско педигре.

фото:фквардар.мк

Leave a Reply