Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Почна продажбата на билетите за Вардар-Монпелје
Почна продажбата на билетите за Вардар-Монпелје

Почна продажбата на билетите за Вардар-Монпелје

Денеска Вторник 12часот стартува продажбата на билетите за за последниот меч од групната фаза од ЛШ помеѓу Вардар и Монпелје. Како што информираат од РК Вардар сите заинтересирани кои сакаат да го гледаат натпреварот од 9. коло на Ц групата од ЕХФ Лигата на шампионите меѓу Вардар и Монпелје, што ќе се одигра на 14 февруари (сабота),  во вторник на 10 февруари со почеток во 12часот ќе може да си купат  поединечен билет за истиот натпревар.

За поединечна продажба се останати околу 1.000 билети, во блоковите за седење. Тие ќе бидат по цена од 350 денари. Дополнително ќе бидат пуштени и околу 600 билети за стоење во дел од секторите каде за тоа има место, а нивната поединечна цена ќе биде 120 денари.

Билетите може да се купат  на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ или он лајн преку продажната мрежа на http://mktickets.mk/vardar-monpelier.

Работно време на билетарницата во СЦ „Јане Сандански“ е од 12.00 до 21.00 часот секој работен ден.

Leave a Reply