Комити на денешниот натпревар со екипата на Војводина ја искажаа својата загриженост за информацијата дека една од клупските икони Немања Прибак ќе замине од РК Вардар. Комити во текот на целиот натпревар потенцираа колкава важност има за нив. Вардаровите подржувачи не така лесно го забораваат времето кога Немања под раководство на Вујовиќ со многу поскромен тим ја скршија доминацијата на тогаш многу побогатиот градски ривал Металург. Немања и од тие натпревари до денес важи за еден од најборбените и најпожртвувани играчи во црвено-црниот дрес.
Комити на нивната трибина има рачно исцртан лик на Немања со препознатливата гестикулација за Прибак .Покрај тоа имаа и кореографија со која порачаа: Не ни се верува,идејата ваша луда,да го избркате човекот,со најголеми муда,НЕМАЊА ПРИБАК!!!”
Накрај од мечот Прибак им одпоздрави на најверните Вардарови навивачи. Тоа беше еден емоционален момент каде се гледаше колкава е поврзаноста помеѓу нив.