Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Рутинска победа за Вардар.
Рутинска победа за Вардар.

Рутинска победа за Вардар.

Екипата на Рк Вардар впиша уште една победа а вкупно 12-та во сеха-лигата.Раул Гонзалес на овој натпревар им даде шанаса на сите играчи кои му беа на располагање.Екипата на Војводина воспоставуваше резултатска рамнотежа до 17 минута од мечот кога резултат беше израмнет.Со серија 0д 3:0 Вардар почнува полека да се одлепува,па во 24 минута со голот на Терзиќ има предност од 12:9.Оваа разлика ја одржува до крајот на првото полувреме,па на пауза се заминува со резултат 15:13.

Слична слика на мечот се одвиваше и во второто полувреме.Вардар ја одржуваше стекнатата разлика од првиот дел,па со рутинска игра го приведе мечот кон својот крај.Конечниот резултат гласеше 30:26

На овој натпревар во составот недостасуваа Арпад Штербик и Алем Тоскиќ.На голот шанса добија Ангелов и Милиќ.Горбок постигна 4 гола,Карачиќ и Марковиќ по 3.Овој натпревар беше само полесен тренинг и увертира на она што ги очекува вардарци во сабота против екипата на Монпеље во ЛШ.И на овој натпревар неизостана подршката од Комити кои во неколку наврати го скандираа името на Немања Прибак.

Leave a Reply