Нема одмор за ракометарите на Вардар, кои вечерва ги очекува нов предизвик во сеха-лигата.Противник е екипата на Војводина од Србија, која доаѓа во Јане Сандански после нерешениот резултат против екипата на Металург кој се одигра во саботата.На табелата се наоѓа на осмото место.На теренот треба да го видиме поранешниот вардарец Вук Лазовиќ кој е моментално член на Војводина.Ова ќе биде трет натпревар во пет дена за Вардар,како увертира на она што ги очекува во сабота против екипата на Монпеље во ЛШ.
Навивачката група Комити и на денешниот меч повикува на масовно присуство за подршка на момците.Собирот е пред мајчин дом во 16:30. За членовите повторно влезот е слободен, а за останатите картата останува 100 денари.Натпреварот се игра во 18:30 во С.Ц.Јане Сандански на кој се очекува Вардар да забележи нова победа