Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Младинците на Вардар го завршија учеството на” Турнирот на пријателство 2014” во БИХ
Младинците на Вардар го завршија учеството на” Турнирот на пријателство 2014” во БИХ

Младинците на Вардар го завршија учеството на” Турнирот на пријателство 2014” во БИХ

Младите надежи на Вардар генерација 2000 предводени од Сашо Јанев имаа одлични настапи на “Турнирот на пријателство 2014“ кој од 16-21 јуни се играше во БИХ.Иако беше малку потребно да бидат првопласирани во својата група и да влезат во 1/2 ,сепак не издржаа до крај со големиот противник Црвена Звезда со кој ремизираа 1:1.Вардар беше во група Ц заедно со Железничар(БИХ),Црвена Звезда(Србија), и Ријека(Хрватска).

Во воведното прво коло младинците на Вардар ги надиграа своите врсници од Сарајево ,екипата на Железничар.Меч во кој доминираа и немаа проблеми да остварат голема победа од 3:0 .Головите на овој натпревар ги постигна двоецот од напаѓачката линија Дарко Чурлинов(2) и Марко Ѓеоргиевски.

Веќе следниот ден во второто коло,Вардар за противник ја имаше екипата на Ријека од Хрватска.Овој натпревар слабо започна за нашите надежи кој имаа негатива од 0:3, но како течеше натпреварот Вардарци ги консолидираа своите редови и заиграа многу подобро што беше доволно само за утешен пораз од 2:3.Стрелци на овој меч за екипата на Вардар беа Кристијан Ристовски и Марко Ѓеоргиевски.

Во третото и решавачко коло за првото место во групата младинците на Вардар се судрија со Ц.Звезда.На овој меч имаше две различни полувремиња,во првото полувреме,Вардар беше надмоќен и целосно ја контролираше играта и не дозволуваше противникот да се разигра.Во 20 мин. Дарко Чурлинов имаше убава можност за гол,но голманот на Звезда успешно интервенираше.Но веќе во 25 мин. Ѓеоргиевски успева со еден прекрасен удар од околу 25 метра да ја затресе мрежата на противникот и да го донесе Вардар во водство од 1:0,што беше и резултат на полувреме.Во второто полувреме гледавме сосема различна ситуација во кој младите на Ц.Звезда одиграа подобро и успеааа да го израмнат резултатот .

Сепак ова беше голем успех за нашите младинци,но и едно големо искуство за нив иако не се пласираа понатаму.На овој турнир учествуваа 16 екипи,а натпреварите ги следеаа многу скаути и познати фудбалски лица како:Сречко Катанец,Дејан Савичевиќ,Драган Џајиќ,Здравко Мамиќ и др.

Најдобриот стрелец во редовите на Фк Вардар генерација 2000 беше Марко Ѓеоргиевски со постигнати три гола на турнирот.

18.06.2014

Leave a Reply