Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Младинските категории на Фк Вардар, во борба за финале во купот
Младинските категории на Фк Вардар, во борба за финале во купот

Младинските категории на Фк Вардар, во борба за финале во купот

Сите категории на Фк Вардар, освен помладите пионери, утре ќе ги одиграат реванш натпреварите од полуфиналето на купот на Македонија и ќе бркаат финале.

-Помладите пионери својот натпревар од групата со екипата на Шкендија ќе го одигра на 4-ти мај. Оваа генерација е речиси со една нога во финалето на купот, откако претходно ја совладаа екипата на Македонија Ѓ.П. со резултат 4:1. Првите две пласирани екипи ќе играат во големото финале.

-Пионерите пак имаат тешка задача да обезбедат финале. На првиот меч во групата против екипата на Еуромилк доживеаа пораз од 0:1. Денес на теренот на ФФМ со почеток од 12:00 ќе одиграат натпревар против Работнички. Се освен победа за избраниците на Андоновски ќе значи испаѓање од купот.

-Дербито дефинитивно ќе се одигра на Железара, денес со почеток од 14:00. Кадетите на Фк Вардар имаат предност од првиот натпревар одигран на домашен терен, против екипата на Металург од 1:0. Квалитетот е на страната на црвено-црните, кои треба да го докажат и на терен.

-Младинците пак гостуваат во Чаир, на екипата на Шкупи. Мечот е закажан за денес со почеток од 15:00. По првиот натпревар резултатот беше 2:1 за Вардар. Младинците својата шанса оваа сезона ја гледаат токму во ова натпреварување, со оглед дека многу се мали шансите за титула во првенството.

Им посакуваме среќа на сите Вардарови фудбалери, кои денес ќе истрчаат на терен и ќе се борат да го донесат клубот во финалето на сите младински категории.