Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > НОВО:Вардар фанс на Веб
НОВО:Вардар фанс на Веб

НОВО:Вардар фанс на Веб

Почитувани фанови чест ни е да ви соопштиме дека денес почнува со работа нашиот веб-сајт Вардарфанс.мк .
По долга три и пол годишна дружба на фб на Вардар Фанс (екс Лико) решивме да одиме чекор понапред и да создадеме веб-сајт за подржувачите на брендот Вардар.
Вардар е свето име за Скопјани и Македонија во сите спортови. Покрај фудбалскиот клуб и двете секции на ракометот ќе ги следиме и другите клубови во другите спортови со име Вардар.

Овде ќе може да прочитате вест за Вардар во Борење,Атлетика,Одбојка ,Хокеј Кошарка . Особен акцент на сајтот ќе им посветивме на сите млади категории во фудбал и женски и машки ракомет како промоција за иднината на Вардар и Македонските репрезенации.
Ќе ни биде голема чест да се дружиме како и досега бидејќи Вардар Фанс е сајт на сите Вардарци, целосно некомерцијален и непрофитабилен основан од неколку ентузијасти кој сакаат да го промовираат светото име Вардар во сите спортови во кој се натпреварува клуб со вакво име. Ви благодариме на досегашната приврзаност и ви ветуваме многу инересни новини , извештаи,фотографии ,изјави интервјуа за нашиот Вардар, особено за оние работи за кој сегашните спортски портали помалку носат вести како што се младите категории ,и тимовите кој се натпреваруваат во помалку популарните спортови. Ви благодариме спортски поздрав ,искрено ваши Вардарфанс.мк

Leave a Reply