Екипата на Загреб беше поуспешна од Вардар во рамките на регионалната лига.Во еден неизвесен и тежок дуел на крај сепак победата им припадна на домаќините.Целиот натпревар се играше во израмнета игра на двете страни.Клучен беше периодот од 54-57 минута кога Загреб постигна три гола во серија што на крај им донесе и победа.За одбележување на овој меч е прекрасниот гол на Немања Прибак од 9 метри со што заврши првото полувреме со наша минимална предност.Конечниот резултат гласеше 25:22.
Страхиња Милиќ го бранеше овој натпревар и забележа 13 успешни интервенции.Најпрецизни беа крилата Дибиров,Марковиќ и Шишкарев,кои постигнаа по 4 гола.Ова е трет пораз за Вардар во ова натпреварување.Веќе во понеделник ги очекува нов дуел против екипата Војводина.Натпреварот ќе се одигра во С.Ц Јане Сандански со почеток од 18:30,на кој се очекува Вардар да забележи победа.