Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки го ” демолираа“ Крим Меркатор.
Вардарки го ” демолираа“ Крим Меркатор.

Вардарки го ” демолираа“ Крим Меркатор.

Моќ,сила и демонстрација покажаа избраничките на Индира Кастратовиќ на вечерашниот натпревар против екипата на Крим.Сосема поинакво издание на девојките од претходните нивни натпревари во ЛШ.

Македонската интернационалка во дресот на Крим,Мирјета Бајрамовска успеа само во почетните минути да израмни на 1:1.Се друго беше во корист на Вардар,кој по само осум минути игра имаа голема предност од 7:1 со голот на Дембеле.Во наредната минута конечно погодуваат и гостинските ракометарки.Со првиот гол на Андреа Лекиќ имаме водство од 10:3,а Пенезиќ само ја полни мрежата на противникот за најголеми плус девет позитива во тие моменти 14:5.Во наредните минути следи една серија од три гола по ред за Крим,па со голот на Алисон Пино успеваат да ја намалат разликата на 16:12.Кастратовиќ повикува тај-маут за малку да ги смири своите играчи.До крајот на првото полувреме Радичевиќ и Лекиќ повторно ја враќаат најголемата предност,за на полувреме да заминат со резултат 21:12.Амандин Лејно имаше забележителна улога,по првиот дел имаше запишано 11 одбрани.

И во второто полувреме,вардарки продолжија во исто силно темпо.Одличен натпревар имаше нашето десно крило Радичевиќ,со нејзиниот погодок во 39 минута поведуваме со 28:17.Следи момент и атракција за публиката,Кликовац и Ихнева со цепелин за нов погодок.Лејно беше несовладлива на голот,до 41 минута имаше вкупно 18 одбрани.Шанса на овој меч добија и Сара Митова и Итана Грбиќ,токму Грбиќ го постигна својот прв нејзин гол во ЛШ.Конечниот резултат гласеше 41:30.Ова е голема победа за Вардар,која во продолжение од натпреварувањето позитивно ќе влијае во нивната игра.Несомнено оваа екипа има квалитет и играчи кои се подготвени за најголеми дострели.

Радичевиќ беше најефикасна постигнувајки 8 гола,а ја следеа Дембеле со 7 и Лекиќ со 6 гола.Амандин Лејно имаше вкупно 21 одбрана.Следниот натпревар е на гостински терен против екипата на Динамо Синара.

07.02.2015

Leave a Reply