Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Slider > Седлоски е нов спортски директор на ФК Вардар, од утре се приклучува на тимот во Словенија
Седлоски е нов спортски директор на ФК Вардар, од утре се приклучува на тимот во Словенија

Седлоски е нов спортски директор на ФК Вардар, од утре се приклучува на тимот во Словенија

Поранешниот тренер на Вардар, Гоце Седлоски се враќа во клубот, како спортски директор, место кое беше испразнето по заминувањето на Дарко Панчев.

Седлоски како тренер на Вардар успеа да освои две домашни титули со клубот и да го внесе тимот во последната елиминациска пречка, пред пласманот во групната фаза од Лигата на Европа, што и се случи, пред две години, кога го елиминиравме Фенербахче, испишувајќи историја за клубот и Македонија. На тој двомеч, тимот го водеше Чеде Јаневски, кој го замени токму Седлоски, на само два дена пред овој историски дуел.

Од утре, Седлоски се упатува за Рогашка Слатина ( Словенија), каде тимот се наоѓа на подготовки пред стартот на новата натпреварувачка сезона. Долго се збореше за можноста, Седлоски да се врати во Вардар, а доаѓа после неговото заминување од функцијата, шеф на стручниот штаб во Широки Бријег.