Екипата на Вардар Јуниор и во новата натпреварувачка сезона ќе ја гледаме во најсилната Супер лига, откако успеавме да обезбедиме опстанок во истата.
Тренерскиот двоец на вториот тим на Вардар останува ист, а тоа се Стојан Петрушевски и Пепи Манасков, кои ќе имаат задача повторно да ја остават екипата во лигата, иако ќе биде тешко, со оглед дека во новата сезона можеби ќе ја имаме најсилната домашна лига.
Повторно екипата ќе ја сочинуваат млади ракометари, а најголем дел од составот кој обезбеди опстанок минатата сезона ќе остане во Вардар Јуниор. Потврдени заминувања од екипата се: десното крило,Мартин Димов, кој потпиша за Бутел, како и голманите Андреј Петковски кој замина во Работнички и Даниел Ставровски, кој се уште е без ангажман. Слободен од обврските кон Вардар Јуниор е и Александар Нанов.
Што се однесува до новите засилувања, можеме да потврдиме само еден играч, тоа е голманот кој доаѓа од Струмица, се работи за Васил Гогов, кој заедно со Јоаким Анѓеловски ќе го сочинуваат голманскиот тандем на црвено-црните. Екипата е во преговори со уште еден среден и десен бек, имиња кои ќе ги објавиме кога и официјално ќе бидат потпишани.
Првиот собир, Вардар Јуниор ќе го има на 29.јули ( понеделник).