Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Тигран Барсегјан со нов двогодишен договор со ФК Вардар
Тигран Барсегјан со нов двогодишен договор со ФК Вардар

Тигран Барсегјан со нов двогодишен договор со ФК Вардар

Одлична вест пристигнува од фудбалскиот клуб Вардар, ерменецот Тигран Барсегјан останува фудбалер на Вардар до 2019 година. Тој  стави потпис на новиот две годишен договор со Вардар.  Ерменецот во минатата сезона одигра 16 натпревари на кои постигна седум голови во „црвено-црниот“ дрес. Дојде во нашиот тим во летниот преоден рок 2016 година, но во штотуку завршениот шампионат, настапи само во пролетниот дел од сезоната. Продолжувањето на договорот на ерменцот неофицијално ви го најавиме пред триесетина дена- види.

За мене е чест што сум сум дел од Вардар, екипа во која што се работи максимално професионално и во која условите за работа и за напредок се одлични. Тука сме како една фамилија, функцинираме сите како еден, и среќен сум што ќе останам во Вардар и во следните две години.  Веќе една година сум дел од оваа екипа, која што ќе ми остане во вечно сеќавање бидејќи тоа беше мојата прва титула со Вардар. Благодарност до раководството, до стручниот штаб и до соиграчите за целата поддршка во текот на изминатата сезона, и јас ќе дадам се од себе и следните сезони да бидат со освоени титули. Посакувам да има уште многу победи, шампионски и Куп пехари, и, секако, успеси во Европа. Јас како и сите други со нетрпение ги очекуваме натпреварите од Лигата на шампионите. Ни останува само добро да се подготвиме за тој предизвик, и убеден сум дека секој ќе даде се од себе Вардар да направи успех и на меѓународна сцена. Се надевам дека тоа ќе биде ова лето и сите заедно да испишеме една успешна страница во историјата на клубот, вели Барсегјан.