Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Следуваат три клучни натпревари за Фк Вардар
Следуваат три клучни натпревари за Фк Вардар

Следуваат три клучни натпревари за Фк Вардар

По низата од две победи над Тетекс и Силекс, на  црвено – црните момци им следуваат три клучни натпревари во борба за титулата.

Најпрвин во недела на наш терен гостува екипата на Ренова. Тетовскиот тим секогаш бил незгоден противник за Вардар, но на оваа средба момците мора да покажат што знаат и умеат!

Потоа ни следува најжешкото гостување оваа сезона, во Тетово против екипата на Шкендија, доколку Вардар ги добие овие два натпревари широко ќе си ја отвори портата кон плеј-офот.

За крај на 3-от круг следува домашен меч со најголемиот конкурент за титулата екипат на Работнички, ова ќе биде одлична можност за нашите момци да им порача на Работнички дека нема што да бара оваа година!

Доколку ги добиеме овие следни три меча, со голема сигуруност, и предност, ќе влеземе во завршницата од нашата лига.
Напред Вардар!

Фото: fkvardar.mk