Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Се е полесно кога ги имаме Инди и Питлик на клупата
Се е полесно кога ги имаме Инди и Питлик на клупата

Се е полесно кога ги имаме Инди и Питлик на клупата

Се е полесно кога тренерскиот тандем во Жрк Вардар го имаат Индира Кастратовиќ, и Јан Питлик.
Играта на Вардарки по доаѓањето во Скопје на Питлик, е за неколку класи подобра, како во нападот, така и во одбраната.

Радува и факторот дека Инди – Питлик се сложуваат беспрекорно кога е во прашање тактичката замисла на екипата, и тактитака која ја спроведуваат двајцата на тајм-аутите на Вардар.
На паузата јасно се гледа дека постои компромис помеѓу овие два одлични тренери, по половина тајм – аут го користат и двата тренери да им укажат на грешките на своите девојки.

Сега за сега тоа оди беспрекорно, одлично засилување доби Жрк Вардар, кое одма се покажа како клучно, па така Вардарки лесно и убедливо го елиминираа Европскиот првак екипата на Ѓер.

Со оваа тренерска двојка Инди – Питлик одиме на трофејот на ф-4 завршниот турнир во Унгарија!