Арпад Штербик е повторно номиниран во изборот на ЕХФ. Неговата одбрана на натпреварот против Киелце се најде во ТОП 5 најдобри интервенции. Неговите одбрани не помогнаа Вардар да забележи победа, но сепак неговите успешни интервенции не поминаа незабележани во изборот на ЕХФ. Се надеваме дека токму на реваншот во Полска за шест дена, неговото издание ќе биде пресудно за конечниот патник на завршниот турнир во Келн.
Видеото од најдобрите пет одбрани за оваа рунда можете да ги погледнете ТУКА.