Вардар загуби на првиот 1/4 дуел во Скопје, против екипата на Киелце, но еден наш играч се најде во изборот на ЕХФ во идеалната седморка на првата 1/4 рунда во ЛШ. Нашата икона Стоилов го доби признанието за најдобар пикер. Сосема заслужено бидејќи водеше голема битка со противничките играчи на својата позиција. Идеалниот тим го сочинуваат:
-Роланд Миклер(голман)
-Мануел Штрлек(лево крило)
-Момир Илиќ(лев бек)
-Никола Карабатиќ(среден бек)
-Лука Степанчиќ(десен бек)
-Рајко Продановиќ(десно крило)
-Столе Стоилов(пикер)
Реванш натпреварот со Киелце е закажан за 19-ти април, со почеток од 15:30.
Видео од идеалниот тим можете да го погледнете ТУКА