Историската победа на избраничките на Индира Кастратовиќ во Ѓер и пласманот во завршниот Ф4 турнир на Лигата на европски ракометни шампионки “лансираше“ три црвено-црни девојки во изборите за најдобри поединки . И тоа Андреа Пенезиќ во трите ѕвезди на колото , Маја Сокач во изборот на топ 5 најубави погодока и голманката на црвено- црните Амандин Лејно во изборот на најубави TOP 5 одбранети удари.
Хрватската интернационалка ракометарката која го водеше Вардар до пласман на завршниот турнир Андеа Пенезиќ заедно со Сана Солберг од тимот на Ларвик и Олга Акопјан од Динамо се избрани во изборот на трите најголеми ѕвезди на реванш дуелите од 1/4 финалето на овогодинешното издание на Лигата на шампионките. Андреа Пенезиќ со прекрасната игра која ја прикажа и со своите 8 погодоци на тешкото и клучно гостување со тимот на Ѓер, повеќе од заслужено се најде во овој избор на ЕХФ-ТВ. ВИДЕО >>> ТУКА
Нашата голманка Амандин Лејно со една од своите интервенции се најде во изборот на ТОП 5 најатрактивни одбрани во ова раванш коло . Таа особено во вториот клучен период од мечот имаше одлични одбрани на нашиот гол и со прекрасна одбрана во “пеперутка“ стил се најде на листата на најубави интервенции. ВИДЕО >>> ТУКА
Во изборот на топ 5 најубави преставници на трето место се најде уште еден член на црвено-црниот табот Маја Сокач. Таа со удар од седум метри постигна прекрасен гол , топката мина над главата на голманката Гримсбо. ВИДЕО >>> ТУКА