Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > (ВИДЕО) ФК Силекс – ФК Вардар 0:2 (0:1)
(ВИДЕО) ФК Силекс – ФК Вардар 0:2 (0:1)

(ВИДЕО) ФК Силекс – ФК Вардар 0:2 (0:1)

Црвено-црните успеаа повторно триумфално да продефилираат  низ Кратово оваа пролет. Како и на првиот меч во Кратово така и на Велика сабота Вардар однесе победа .  Стрелци за гостите повторно како и во првиот пролетен дуел со кој се отвори оваа фудбалска пролет  беа Ивановски и Блажевски . Вардар уште во 2 минута го навести својот триунф преку Ивановски кој стелаше за 0-1 , резултат со кој се замина на одмор . Во вториот дел во 56 минута некогашниот член на Вардар а сегашен голман на Силекс Горан Симов  го фаулираше Блажевски . Тука во тој момент се насети конечниот победник бидејќи судијата Горан Спирковски од Прилеп покажа удар од “белата точка“ за црвено-црните и директен црвен картон за домашниот голман Симов. Играчот кој беше фаулиран го изведе казнетиот удар , Блажевски стрелаше неодбранливо за нововлезениот  Ников кој застана  на голот на Кратовчани за конечните 0-2 .Со овој резултат  заврши овој меч во Кратово.

Вардар со втората врзана победа по онаа над Тетекс за само 4 дена успеа да освои 6 максимални бода и да остана на врвот на табелата во Првата фудбалска лига . Во корист на победата во Кратово иде и фактот дека по поразот на ФК Работнички  на гостувањето во Тетово кај тимот на ФК Ренова нашиот тим повторно е на 4 бода пред конкурентот и актуелниот шампион на Македонија. За црвено-црните на овој меч настапија : Пачовски,  Хамбарџумјан, Бојовиќ, Грнчаров,  Грозданоски, Глигоров, Деспотовски, Блажевски,  Ибричиќ /од 75 минута  Љамчевски,  П. Петковски /од 83 минута Асани, Ивановски /од 81 минута П. Петковски)

ВИДЕО >>>>>  ТУКА

фото:fkvardar.mk/