Најтрофениот колектив во нашава земја,екипата на Вардар се сретна со тетовска Ренова во рамките од ПМФЛ.По традиција Ренова секогаш важела за тврд и незгоден противник кога игра против Вардар.
Натпреварот започна како што и се очекуваше,со доминација и посет на топка на играчите на Вардар,а тетовчани својата шанса ја чекаа по грешка на домакините преку своите брзи играчи да создаде шанса за гол.По традиција Ренова е тврд противник за Вардар како што рековме,па така беше и денеска.На полувреме се замина со 0:0 и неколку прилики за Вардар но без успешни кон голот на гостите.
Во вториот дел Вардар јаловито напаѓаше,имаше неколку одлични шански преку Петковски и Дашјан но резултатот остана 0:0 и по 60 минути игра. Иницијативата на домаќините се исплатеше,и голот дојде во 69 минута,по една убава акција Хамбарџумјан убаво го пронајде Петковски,кој реагира како прав голкетер и постигнува гол за 1:0 и голема радост на Црвено – Црните.
Потоа играта се стабилизираше,гостите почнаа да напаѓаат и да бараат гол за изедначување,и тоа се случи една минута пред крајот на судиското надополнување.По една грешка на домакините на средината на теренот Емини одзема топка кој од дваесетина метри со убав шут по земја го совладува Павловиќ за 1:1 и шок за домашната публика.
Со овој несреќно примен гол кон крајот на мечот,заврши средбата со 1:1 и огромен бод за Ренова,а испуштени два за домакините.