Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар повторно проработи и го прегази Металург

ФК Вардар повторно проработи и го прегази Металург

738288e753130141cdae801678d8a7d74d-w=1778-h=1096

Фото:фквардар.мк


Екипата на Фк Вардар издвојува убедлива победа од 1:4 против Металург,во рамките на петото коло од ПМФЛ.Со оваа победа Вардар ја прекина традицијата без победа против Металург на гостински терен,која трае цели 22 натпревари.Во 3 минута треба да ја одбележиме полу шансата на Дашјан,неговиот удар завршува над голот.Веќе во 7 минута екипата на Вардар доаѓа во водство од 0:1 со голот на Јасир Асани, негов првенец оваа сезона, кој најдобро се снајде во мешаницата која се создаде пред противничкиот гол.
Во 10 минута повторно обид на Дашјан,но неговиот удар лесно го скроти Ефремов.Во 12 минута по еден изведен корнер Бобан Грнчаров ја зафаќа топката со глава и ја сместува во мрежата на противникот за водство од 0:2 во тие моменти.Екипата на Металург успева да намали на 1:2 во 27 минута со голот на Миле Крстев од слободен удар во 27 мин.На полувреме се замина со тој резултат.

Вториот дел продолжи со доминација на Вардар,во 52 минута Љамчевски се најде во добра позиција ,но неговиот удар беше во последен момент изблокиран.Во 62 минута во игра влегува Влатко Гроздановски, на местото на Артак Дашјан.Само три минути му беа потребни на Гроздановски да постигне погодок и да го донесе Вардар во предност од 1:3.
Шансите пред голот на Металург се редеа како на филмска лента,свој обид имаше и Глигоров од едно 20 метри ,во кој голманот на Металург успева со крајни напори да го одбрани неговиот удар.Течеше 76 минута кога Љамчевски асистираше кон Филип Ивановски за погодок и за висока предност на Вардар од 1:4 што беше и конечен резултат на овој натпревар.Во 78 минута влегува Филип Петковски на местото на стрелецот Ивановски.Вардар со оваа победа се издвојува на чело на табелата со вкупно 14 бода.
Во следното коло Вардар е домаќин на екипата на Ренова,на кој се очекува да забележи нова победа.
31.08.2014

Leave a Reply