Градското дерби помеѓу Вардар и Работнички за жал години наназад веќе примамува многу малку гледачи на нашиот најубав стадион.Натпреварот го следеа едвај 500-600 луѓе.
Натпреварот започна,уште на почетокот Вардар имаше една убава шанса да го отвори резултатот,но остана 0:0
По само 16 минути игра,по една убава акција од десната страна,топката дојде до Петковски кој мирно ја прими и го матираше противничкиот голман за 0:1 Натпреварот до крајот на првото полувреме се одвиваше главно на средината на теренот,со блага надмоќност на Црвено – Црните.
Второто полувреме започна како што и се очекуваше,Работнички немаше што да брани и се обиде да игра малку под отворено,што значеше и шанса за Вардар преку контра напади да ја дуплира предноста.
Во 56 минута по еден убаво изведен корнер на Вардар,најубаво се снајде капитенот на Вардар Златко Таневски кој со удар со глава го матираше голманот на Работнички втор пат денеска за убедливи 0:2 за Вардар.
Па така Вардар се повлече на својата половина после вториот гол,а Работнички напаѓаше,со цел што е можно по брзо да постигне гол,и да ја намали негативата.
Но тоа не се случи па така по 90 минути игра,главниот судија означи крај на средбата која заврши со уште една победа на лутиот градски ривал на Работнички.
Фото:фквардар.мк