Saturday ,15 June 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Втор чин на Вардар и Пелистер овојпат во Скопје

Втор чин на Вардар и Пелистер овојпат во Скопје

По бурното прво коло во Битола повторно на мегдан излегоа најголемите ривали во Македонија,Вардар и Пелистер.

7398ee82228a4a4a349d59e7a64f4e61ac-w=1020-h=400

Фото:фквардар.мк

Натпреварот започна сиромашно кога е во прашање публиката и атносверата на овој меч,најголемите подржувачи на Пелистер Чкембарите за жал не им беше дозволено да го гледаат својот миленик во Скопје,додека пак на другата страна како и секојпат популарните Комити му беа верна сенка на ФК Вардар,и со песна го бодреа сите 90 минути.

Во првиот дел ништо позначајно не се случуваше,Вардар напаѓаше создаваше шанси но никако не успеа да го скршат бедемот пред голот на Пашовски. Кога сите мислеа дека тоа ќе биде тоа за првиот дел,кој друг ако не Филип Петковски,златното дете на Вардар доби одлична топка од своите соиграчи,кој на вистински голгетерски начин со многу рутина го совлада Пашовски за 1:0 во 45 минута,и со овој резултат се отиде на одмор.

Во вториот дел Вардар повторно повеќе напаѓаше ја имаше топката во свој посед се до седумдесетата минута негде,кога свесно му дозволи на противникот да напаѓа,а они да го бранат својот гол и овие 1:0
Па така на крајот од мечот се виде дека оваа тактика на крајот на Андреев била позитивна,што значеше нови три бода за Вардар,вкупно шест оваа сезона против Лутиот ривал Пелистер исто така со минимални 1:0 како и во Битола.

Leave a Reply