Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Васоски: Знам дека имаше пишувања по медиумите, меѓутоа додека не биде се официјално, додека играч не се приклучи на нашиот тим, ќе работиме со овие фудбалери
Васоски: Знам дека имаше пишувања по медиумите, меѓутоа додека не биде се официјално, додека играч не се приклучи на нашиот тим, ќе работиме со овие фудбалери

Васоски: Знам дека имаше пишувања по медиумите, меѓутоа додека не биде се официјално, додека играч не се приклучи на нашиот тим, ќе работиме со овие фудбалери

За тоа како минаа подготовките, како е задоволен од нивниот тек, од пријателските натпревари, зборувавме со шефот на стручниот штаб Александар Васоски.

„Од подготовките сум задоволен, од резултатите знам дека не можеме да бидеме задоволни, особено што е јасно дека од Вардар секогаш се бара победа. Резултатите од пријателските натпревари сигурно не можат да бидат задоволувачки, меѓутоа не треба да се заборави дека на овие подготовки имавме 12 играчи од младинскиот погон. Со тоа може да се каже дека Вардар доби иднина. На пример има некои играчи кои покажаа зрелост, и на нив можеме да сметаме низ пролетниот дел, и ќе сметаме на нив. На млади играчи многу е тешко да им се наметне притисок да победуваат. Исто така на овие подготовки не можевме да сметаме и на исксуниот Попов, како и на Попзлатанов. Ја имавме таа несреќа да се повреди и Најдовски на почетокот од подготвителниот период, но јас верувам дека сите ќе ги имаме на располагање за пролетниот дел“, вели Васоски. 

„Го одработивме она кое го планиравме на подготовките. Сега имаме уште помалку од две недели да ги средиме уште тие така да кажам „финеси“ околу тимот. За нови играчи не би можел ништо сега да зборувам, тоа ќе видиме кога ќе почнеме да тренираме во Скопје. Знам дека имаше пишувања по медиумите, меѓутоа додека не биде се официјално, додека играч не се приклучи на нашиот тим, ќе работиме со овие фудбалери кои ги имаме“, изјави Васоски.