Friday ,13 December 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Парондо: Имаме повредени играчи, но нема да калкулираме ќе играме максимално
Парондо: Имаме повредени играчи, но нема да калкулираме ќе играме максимално

Парондо: Имаме повредени играчи, но нема да калкулираме ќе играме максимално

Пред нас се  средбите од ЕХФ  Лигата на шампионите, последните четири од групната фаза. Екипата денеска патува за Германија каде утревечер треба да играме со Рајн Некар.  Во досегашните меѓусебни средби, шестпати победувал Вардар, еден меч завршил со реми и двапати победиле Германците. На теренот во Германија имаме две победи и едно реми. За оваа средба свое видување даде тренерот на црвено-црните, Роберто Парондо, кој вели:

 Секогаш натпреварите се неизвесни. Традицијата не ја гледаме. Никогаш немавме победа против Веспрем се досега. Зато аповажно е да се фокусираме на играта наша. Секој меч е различен и треба да бидеме различно подготвени според тактиката на противникот. Имаме уште четири натпревари до крајот на групната фаза. Ќе играме со максимално на секој натпревар, зашто секој меч сега е важен. Сигурно дека ќе биде тежок натпревар. Рајн Некар е одличен тим. Ќе видиме колку сме спремни. Не сме во добар момент, ни треба повеќе време за тренирање зашто не сме комплетни п атреба да комбинираме со тоа што го имаме. Не мачат повреди на повеќемина играчи. Ќе се обидеме да играме добро и да се вратиме со добар резултат- вели Парондо.