Најавеното сега е и официјализирано. Владимир Жоглев е ,,црвено – црн”, откако извесен период тренираше со нашиот тим.
Се работи за висок 24-годишен шпиц играч, кој минатата сезона беше дел од ФК Тетекс. Покрај за овој тим има настапувано и за екипите на ГФК Осогово, Победа, Борец, Беса и Скопје. Тој ќе биде задолжен да ја поправи реализацијата на Вардар во новата сезона.
Вардарци во последниот ден од преодниот рок во Македонија потпишаа двајца добри играчи, посебно тука се мисли на Кире Маркоски кој сигурно дека претставува големо засилување не само во Вардар туку и во оваа Втора лига на Македонија.
Им посакуваме добредојде во ФК Вардар и на двајцата.