Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Јуре Доленец за Вардарфанс:Голманите и одбраната ќе го решат натпреварот.
Јуре Доленец за Вардарфанс:Голманите и одбраната ќе го решат натпреварот.

Јуре Доленец за Вардарфанс:Голманите и одбраната ќе го решат натпреварот.

Утре во С.Ц.Јане Сандански ќе се одигра нов натпревар во Лигата на Шампионите. Противник на Вардар е лидерот во Франција, екипата наМонпеље.

Словенскиот интернационалец во редовите на Монпеље,  даде едно свое видување за утрешниот натпревар помеѓу овие две екипи.

Што очекувате од натпреварот против Вардар?

-Ние ќе дадеме се од себе. Сигурно е дека во Скопје, екипата на Вардар е фаворит. Ние добро го одигравме оној прв натпревар во Франција, но сепак на крајот изигравме нерешено.

Според вас што ќе биде пресудно за конечниот победник на овој меч?

-Мислам дека ќе пресудат голманите и одбраната, како и секогаш во ракометот. Ќе биде тоа тежок натпревар, веројатно и доста агресивен. Влијание ќе има и тоа, кој ќе има повеќе сила во одлучувачките моменти.

Колку го познавате Вардар, и што мислите за моменталниот состав?

-Го познавам многу добро овој клуб. Веќе игравме еднаш оваа сезона. Сите играчи се многу познати во светскиот ракомет. Вардар направи квалитетна екипа, како што слушам ќе продолжат и да се засилуваат за следната сезона. Сигурно е една од најдобрите екипи во ова натпреварување.

Дали имате слушнато за навивачите на Вардар, популарните Комити?

-Да сум слушнал за вашите навивачи. Последен пат го гледав видеото како во сеха-лигата го пречекаа својот некогашен тренер Вујовиќ. Секоја чест за тоа што го приредија. Знам дека поради нив ќе ни биде многу потешко на натпреварот. Тие знаат со своето навивање да и помогнат на екипата. Ние ќе дадеме 100% од себе. Сите спортисти би сакале да играат во таква атмосфера,ни изјави играчот на Монпеље , Јуре Доленец за нашиот сајт.

Звонко Ивановски