Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Андреј Ников за Вардарфанс:Првата фаза од првенството ни помина одлично.
Андреј Ников за Вардарфанс:Првата фаза од првенството ни помина одлично.

Андреј Ников за Вардарфанс:Првата фаза од првенството ни помина одлично.

Младинците на КК Вардар М-14 по првата фаза од првенството се наоѓаат на второто место на табелата,забележувајќи 5 победи и еден пораз.Единствениот пораз го доживеа од својот најголем конкурент екипата на Работнички на гостински терен.Иако водеа во поголем дел од натпреварот,сепак на крај несреќно изгубија.

Резултатите по првиот дел од сезоната:

1 коло: Работнички-Вардар 88:85

2 коло: Вардар-Колибри 115:30

3 коло: Плејмејкер-Вардар 41:54

4 коло: Црн Дрим-Вардар 50:84

5 коло: Вардар-Томас 85:57

6 коло: Вардар-слободен

7 коло: Вардар-Квиско Баскет 72:54

-Првата фаза од првенството ни помина одлично.Со само еден пораз од КК Работнички ја завршиме првата фаза на второто место.Во вториот дел очекувам да продолжиме со добрите игри и да стигнеме до првото место во групата,изјави членот на КК Вардар М-14 Андреј Ников за Вардарфанс мк.

Според календарот на МКФ вториот дел од првенството продолжува викендот на 31.јануари и 1.февруари,кога треба да се игра мечот Вардар-Работнички.

Звонко Ивановски

Leave a Reply