Денес клубот го презентира новото име во стручниот штаб на Жрк Вардар.Се работи за данецот Ким Расмунсен кој ќе ја има улогата на прв помошник на Индира Кастратовиќ,и со кој е договорена соработка на 2.5 години.Инаку Расмунсен е актуелен селектор на Полската репрезентација. Со него во тимот,се очекуваат и новитети во самата игра на екипата.
„Среќен сум што сум тука во Скопје и сум дел од оваа организација. Со нетрпение очекувам да почнеме со Индира да соработуваме и да го водиме тимот и да постигнеме добри резултати. Го следев Вардар последните две години, го знам тимот и местата каде ќе треба да подобриме, имам нови идеи и погледи. Сигурен сум дека ќе го искористиме заедничкото знаење, и знам каде треба да се насочиме, изјави Ким Расмусен на самото преставување.
Кастратовиќ се надева на успешна соработка со нејзиниот нов помошник,по заминувањето на Владимир Вујовиќ.
„Сакам да му посакам добредојде во Македонија, и очекувам брзо да се вклопи. Денеска почнуваме со подготовки, на 8 јануари патуваме за Унгарија, каде ќе бидеме на 10 дневни подготовки и почнуваме да се концентрираме за мечот со Лајпциг, во Лигата на шампионите. Не можеме се уште да сметаме на Бегоња Фернандез, а Тања Хмирова на крај на јануари би требало да се приклучи и да тренира со нас, изјави Кастратовиќ.
На 6 јануари се очекува клубот да го одржи првиот тренинг во новата година.
05.01.2015
Фото:Жрквардар мк.