Кошаркарскиот клуб Вардар по долга пауза поради пандемијата со Корона вирусот ги најави првите активности. Во информацијата на нивната официјална страница се вели:
Kошаркарскиот клуб Вардар ве известува дека од 1 јуни 2020 година, започнува со индивидуални тренинзи, кој ке бидат специјално прилагодини и подготвени од нашите најдобри тренери.
Програмата на тренинзите е соодветна за возраста на децата, на кој максимално ке се посветува внимание на техничко-тактички способности на секој кошаркар.
Работата ке биде во групи со ограничен број на деца каде ке се тренира во нашите сали ( сала Вардар Кале и гимназија Јосип Броз Тито) кој поседуваат најмодерни услови и опрема за тренинзи.
Информации кај нашите тренери кој ви стојат на располагање
со почит, ваш кк Вардар ⚫️❤️❤️