Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Победа за дамите на Вардар и пораз за момците на дуелите во „Кале“
Победа за дамите на Вардар и пораз за момците на дуелите во „Кале“

Победа за дамите на Вардар и пораз за момците на дуелите во „Кале“

Започнаа дуелите на женската и машката кошаркарска екипа Вардар, двата тима викендов одиграа натпревари на кои имавме половичен успех.

ЖКК Вардар, викендов го одигра првото коло од сезоната 2022/2023. Ние бевме домаќини на тимот на Струга 2009 и дојдовме до успех на оваа средба. На дуелот во малата сала при СЦ „Кале“, црвено-црните девојки ја оправдаа фаворитската улога, тие доминираа во сите аспекти на кошаркарската игра и победија со 33.поена повеќе. Победата дојде со резултат 77-44.

Момците на КК Вардар исто така го играа првото коло во Втората лига, ние бевме домаќини на  КК Ангели. На оваа средба бевме поразени со резултат 69-74.