Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Преглед 17.коло! „Киксна“ Вардар ама и тимот зад нас Соколи, остануваме лидери
Преглед 17.коло! „Киксна“ Вардар ама и тимот зад нас Соколи, остануваме лидери

Преглед 17.коло! „Киксна“ Вардар ама и тимот зад нас Соколи, остануваме лидери

Коло кое може да се окарактеризира како изненадувачко, посебно ако се земе в предвид дека лидерот на табелата екипата на Вардар, ја прекина победносната серија која и ги оостави на првото место на табелата.

„Падна“ и еден од нивните конкуренти за најдобрата стартна позиција, екипата на Соколи 1933.

Киксот на двете водечки екипи го искористи екипата на Работнички 2018, која по овој 17 круг е израмнета според бројот на бодовите заедно со онаа од Штип.

Клучна беше првата четвртина која Шкупи ја доби со двојно поглеми (24:12) и потоа ја одржуваше предноста до самиот крај.

Мартиноски беше најефикасен кај Шкупи, даде 24 поени, Киров го следеше со 15, а Донаковски со 13 поени. Во гостинската екипа, Митков реализираше 22, а Атанасов уште 17 поени.

Овој пораз не донесе поголеми последици за „црвено-црните“, затоа што пораз запиша и второпласираниот тим на табелата. Соколи 1933 загуби од Водно Санс со минимални (94:96).

Поразите на двете екипи кои се на првите две места го искористи екипата на Работнички 2018, која на свој терен го победи ГКК Охрид (80:73), па сега има ист број на бодови како и екипата од Штип.

До ист скор може да дојде и екипата на Ангели, која својот меч од ова 17 коло го игра утре попладне, од 14 часот, против МЗТ Скопје Уни Банка.

Поблиску до горните позиции на табелата е и екипата на МКК Куманово која во овој круг на натпреварите славеше сигурен триумф против Баскет Кам (79:58).

До крајот на основниот дел од сезоната остануваат уште пет кола, Вардар веќе е сигурен учесник во плејофот, а можно е во четвртфиналето да игра токму против Шкупи.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 17. КОЛО

Работнички 2018 – ГКК Охрид 80:73

Шкупи – Вардар    84:76

Соколи 1933 – Водно Санс         94:96

МКК Куманово – Баскет Кам    79:58

06.03: Црн Дрим – Борец Баскет

07.03: МЗТ Скопје Уни Банка – Ангели

ТАБЕЛА: Вардар 31, Соколи 1933 29, Работнички 29, Ангели 27 (-1), ГКК Охрид 27, Водно Санс 26, МКК Куманово 26, Шкупи 24, МЗТ Скопје Уни Банка 23 (-1), Борец Баскет 22 (-1), Баскет Кам 20, Црн Дрим 16 (-1);

ИДНО КОЛО (11.03)

ГКК Охрид – МЗТ Скопје Уни Банка

Вардар – Црн Дрим

Борец Баскет – Работнички

Ангели – Соколи 1933

Баскет Кам – Шкупи

Водно Санс – МКК Куманово