Wednesday ,24 July 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Преглед 21.коло! КК Вардар поразен, но останува лидер
Преглед 21.коло! КК Вардар поразен, но останува лидер

Преглед 21.коло! КК Вардар поразен, но останува лидер

По одигрувањето на 21.коло, извесно е дека петте првопласирани се сигурни. Пет екипи се сигурни, уште четири атакуваат за оние три места, последни кои водат кон доигрувањето за влез во Првата лига во наредната натпреварувачка сезона.

По одигрувањето на 21.коло, извесно е дека петте првопласирани се сигурни, а четири од нив, извесно, ќе ја имаат предноста на играње на домашен терен.

Тоа се екипите на Вардар (скор 17-4), Соколи 1933 (16-5), Работнички 2018 (15-6), и Ангели (14-7). МКК Куманово има ефект (12-9), и ја има позицијата 5, која им гарантира учество во плеј-офот за пласмна во елитата. Изедначени на позицијата 6 се екипите на Водно Санс и на ГКК Охрид, кои се на скор 11-10), и се во предност од една победа во однос на МЗТ Скопје Уни Банка и Шкупи кои се на (10-11).

Оттука остануваа уште доста дилеми пред последното коло, особено за тие три места, од шестото до осмото.

Јасно е дека со победи во последното коло, Водно Санс (игра против локалниот скопски ривал, Ангели), односно ГКК Охрид (за противник ја има екипата на Баскет Кам) ќе бидат во првата „осумка“. А последниот учесник во доигрувањето би се барал помеѓу екипите на МЗТ Скопје Уни Банка (гостува кај лидерот на табелата Вардар), односно Шкупи (има гостување во велес, кај Борец Баскет).

Извесно е и тоа дека во понизок ранг се селат екипите на Баскет Кам односно Црн Дрим, кој нема ниту една победа во оваа конкуренција.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 21. КОЛО

Соколи 1933 – Црн Дрим 117:82

Шкупи – ГКК Охрид 81:61

МЗТ Скопје Уни Банка – Работнички 2018 74:79

Водно Санс – Вардар 91:76

Баскет Кам – Ангели 56:84

МКК Куманово – Борец баскет 90:60

ТАБЕЛА: Вардар 38, Соколи 1933 37, Работнички 36, Ангели 35, МКК Куманово 33, Водно Санс 32, ГКК Охрид 32, МЗТ Скопје Уни Банка 31, Шкупи 31, Борец баскет 28, Баскет Кам 24, Црн Дрим 21;

ИДНО КОЛО (08.04)

Вардар – МЗТ Скопје Аеродром

Работнички 2018 – Соколи 1933

Борец баскет – Шкупи

Ангели – Водно Санс

Црн Дрим – МКК Куманово

ГКК Охрид – Баскет Кам