Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Започнува женскиот плеј-оф, МЗТ Скопје ривал на ЖКК Вардар
Започнува женскиот плеј-оф, МЗТ Скопје ривал на ЖКК Вардар

Започнува женскиот плеј-оф, МЗТ Скопје ривал на ЖКК Вардар

Екипата на Гризли ќе биде дел од доигрувањето за шампионската титула во женската Прва лига.

Ова откако искусниот тим стигна до решавачкиот втор триумф во осминафиналната серија, односно доигрувањето за две места во плеј-офот, против екипата на Шкупи.

Во „мајсторката“ беа подобри од својот ривал со сигурни (58:50), и со вкупни (2-1) ја затворија серијата која ги носи во првата „осумка“ во шампионатот.

Во натпреварот на одлука беше видена доста израмнета игра, макар што домашниот состав имаше постојана предност. На полувремето „зелените“ водеа со само два поени (30:28), на истекот на третиот дел нивната предност беше уште повисока (46:40).

Клучната предност екипата на Гризли ја направи во првиот дел од последниот период во кој се стекнаа и со двоцифрено водство (53:43), кое го сочуваа и обезбедија место во четвртфиналето.

Трката за шампионската титула стартува на 5. април, во четвртфиналето ќе се игра според принципот „подобар во три натпревари“. Предност на домашен терен имаат подобро рангираните екипи во регуларниот дел од сезоната.

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ – ПЛЕЈ-ОФ

ДВОЈКИ-ЧЕТВРТФИНАЛЕ

(1) Баскет Кам 2011 – (8) Пробаскет

(2) Бадел 1862 – (7) Гризли

(3) Крива Паланка – (6) Струга 2009

(4) Вардар – (5) МЗТ Скопје Аеродром