Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Преглед 9коло! „Кикс“ на Вардар, но и на Соколи, црвено-црните останаа лидери
Преглед 9коло! „Кикс“ на Вардар, но и на Соколи, црвено-црните останаа лидери

Преглед 9коло! „Кикс“ на Вардар, но и на Соколи, црвено-црните останаа лидери

Коло на изненадувања беше деветтото одиграно во Втората лига.

Двете водечки екипи во оваа конкуренција, Вардар и Соколи 1933 запишаа порази, со што се отвори „простор за напредок“ на екипите кои се конкуренција во трката за првите две места кои водат во елитната.

Младиот тим на Работнички 2018 стигна до победа во локалниот скопски дерби-дуел против Вардар (91:86), за скор (6-3) и еден чекор поблиску до „вардарци“ кои се на (7-2).

Најголемото изненадување се случи во Штип, каде екипата на Борец Баскет го совлада домашниот Соколи 1933, на крајот со сигурни (76:68).

Момент кој го искористија и кошаркарите на Ангели кои победија на тешкото гостување во Чаир, против Шкупи (82:74). Со ефект (6-3) екипата од Драчево е на делба на позицијата 3, заедно со Работнички 2018.

Многу важни победи реализираа и кошаркарите на МКК Куманово, на свој терен против ГКК Охрид со (71:62), и на Водно Санс на гостински терен во Македонска Каменица, против Баскет Кам (75:60).

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 9. КОЛО

МЗТ Скопје Уни Банка – Црн Дрим    89:52

Работнички 2018 – Вардар       91:86

Соколи 1933 – Борец Баскет    68:76

Шкупи – Ангели    74:82

МКК Куманово – ГКК Охрид     71:62

Баскет Кам – Водно Санс           60:75

ТАБЕЛА: Вардар 16, Соколи 1933 16, Ангели 15, Работнички 15, МЗТ Скопје Уни Банка 14, ГКК Охрид 14, Водно Санс 14, МКК Куманово 14, Шкупи 12, Борец Баскет 12, Баскет Кам 11, Црн Дрим 9;

ИДНО КОЛО (17.12)

Црн Дрим – Соколи 1933

ГКК Охрид – Шкупи

Работнички 2018 – МЗТ Скопје Уни Банка

Вардар – Водно Санс

Ангели – Баскет Кам

Борец Баскет – МКК Куманов