Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Александар Димовски:Очекувам уште повеќе вакви турнири.
Александар Димовски:Очекувам уште повеќе вакви турнири.

Александар Димовски:Очекувам уште повеќе вакви турнири.

Младинците на Рк Вардар на убедлив начин го освоија првото место на турнирот Вардар-“еден живот,една љубов“ кој беше во организација на ракометниот клуб Вардар.

Во сите натпревари забележаа големи победи:

1.Рк Вардар-Рк Младост Јуниор 34:19
2.Рк Вардар-Рк Метрополис 30:20
Финале:Рк Вардар-Рк Ѓорче Петров 41:18

-Ваков турнир за првпат е организиран и тоа од страна на нашиот клуб, што ми е многу драго. Организацијата беше на високо ниво и се беше во најдобар ред. Очекувам што повеќе вакви турнири бидејќи истите овозможуваат докажување на младите. Како што што почнавме и завршивме во првиот дел од првенството, така продолживме и на турнирот со три победи од толку изиграни утакмици, со што завршивме на прво место.

Капитенот Александар Димовски беше прогласен за најдобар играч на турнирот.

-За наградата најдобар играч чувството е стварно убаво и тоа е само потик и мотив за уште понапорна работа и поголемо вложување во себе,изјави Александар Димовски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски

Leave a Reply