Sunday ,08 September 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Борут Машковчек за Вардарфанс:Знаеме дека не чека пекол во Скопје.
Борут Машковчек за Вардарфанс:Знаеме дека не чека пекол во Скопје.

Борут Машковчек за Вардарфанс:Знаеме дека не чека пекол во Скопје.

Во пресрет на натпреварот против Монпеље кој е претпоследен за Вардар во групната фаза на Лигата на Шампионите, големи се очекувањата од двата табора. Вардар со победа ќе биде многу блиску до освојување на второто место во групата. Од друга страна екипата на Монпеље се надева на изненадување како би влегле во борба за освојување на третото место.  Првиот натпревар одигран во Франција, заврши со поделба на бодовите.

Еден од оние кој очекува неизвесен дуел во сабота, е бекот на Монпеље, Борут Машковчек.

-Очекувам еден тежок и квалитетен натпревар против Вардар. Сите знаеме како е тешко да се игра во Скопје. Вардар е секако фаворит на овој дуел. Ќе биде тешко да се победи, но ние ќе дадеме се од себе.

Словенскиот интернационалец во редовите на Монпеље има високо мислење за нашиот тим.

-По мое мислење екипата на Вардар оваа сезона може да се најде на завршниот турнир во ова натпреварување. Многу ми се допаѓа оваа екипа.

Машковчек минатата сезона беше член на Динамо Минск,кој беа заедно во група со Вардар.

-Имам слушнато за навивачите на Вардар, а и играв минатата година со Динамо Минск против Вардар во Скопје. Знам какви се вашите навивачи, во салата тогаш беше вистински пекол. Веројатно истото ќе биде и во сабота, ни изјави само за нашиот сајт Борут Машковчек.

Звонко Ивановски

Leave a Reply