Tuesday ,08 October 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Драгана Петковска:Им благодарам на моите соиграчи и публиката за подршката.
Драгана Петковска:Им благодарам на моите соиграчи и публиката за подршката.

Драгана Петковска:Им благодарам на моите соиграчи и публиката за подршката.

Драгана Петковска има само 18 години, и од оваа сезона имаме можност да ја гледаме во првиот тим на Жрк Вардар. Изминатите две сезони настапуваше за втората екипа на Вардар.

Вардар Фанс: Од кога почнавте да се занимавате со овој спорт, и од каде потекна желбата за ракомет?

-Драгана П: Со ракометот прв пат се запознав во 6-то оделение на часовите по физичко, каде и ја добив желбата да почнам да тренирам ракомет.

Вардар Фанс: Како се одвиваше периодот од созревање до професионалец, и кој е најзаслужен за вашиот напредок?

-Драгана П: Започнав како дел од многу мали почетници во ракометната школа на Кастратовиќ, каде што после првата недела тренирање ја добив голманската позиција. Почнав да тренирам на 12 години, и ја имав таа чест да работам со еден врвен и искусен тренер, воедно и голман Зоран Кастратовиќ. Исто така голема благодарност и до мојот тренер за голмани, Александар Царчев, кои претходните две сезони ми го пренесе целото негово знаење. Заедно успеавме да го постигнеме посакуваниот успех.

Вардар Фанс: Кој е вашиот голмански идол?

-Драгана П: Мојот голмански идол и пример за еден идеален спортист е Ина Суслина, од кој несомнено можам и верувам дека многу ќе научам тренирајќи со неа.

Вардар Фанс: Како се случи да потпишете за првиот тим на Вардар, и кој ви ја соопшти оваа убава вест?

-Драгана П: Бевме повикани и известени од управата на Вардар, кои ни ја соопштија оваа информација.

Вардар Фанс:Против Подравка поминавте 10 минути на теренот, тоа беше вашиот прв настап во ЛШ. Какво беше чуството пред полн Јане Сандански?

-Драгана П: Бев пресреќна. Неможе да се опише чуството што ми се пружи можност да застанам на голот на Жрк Вардар. Им благодарам на моите соиграчи и прекрасната публика кои ми дадоа голема подршка.

Звонко Ивановски

Leave a Reply