Вардарци се упатуваат кон плоштадот, каде ги очекуваат илјадници навивачи на Вардар. Еден од играчите со најдолг стаж во овој шампионски тим е Тимур Дибиров, кој изјави дека Вардар е институција и дека не постои друг клуб во светот за овие шампионски момци.
-Ние сме институција, нема екипа која може да не победи., После се што направивме, нема друг клуб за нас во светот. Овој пехар е бајка , историја, ова е нешто повеќе од спорт. Овој успех е за цела Македонија.