Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Slider > Карачиќ: Вардар мора да се задржи силен и во иднина, ова не може да се купи со никои пари
Карачиќ: Вардар мора да се задржи силен и во иднина, ова не може да се купи со никои пари

Карачиќ: Вардар мора да се задржи силен и во иднина, ова не може да се купи со никои пари

Скопје слави, Македонија слави, Вардар е повторно шампион на Европа. Во секој момент играчите треба да пристигнат на плоштадот, каде ги очекува голема толпа од народ. Еден од играчите кој ја одигра последната сезна во црвено-црниот дрес е Игор Карачиќ, кој истакна дека овие момци се најголеми амбасадори на Македонија.

-Вардар мора да се задржи силен и во иднина. Ова не може да се купи со никои пари на светот, ние сме најголеми амбасадори на Македонија. Жалам што нема да бидам дел од следната сезона, со оваа екипа, со овие играчи кои имаат големо срце и победнички карактер.