Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Slider > Милосављев и Кристопанс во најдобриот тим на ЛШ, според гласовите на тренерите кои се дел од големото натпреварување
Милосављев и Кристопанс во најдобриот тим на ЛШ, според гласовите на тренерите кои се дел од големото натпреварување

Милосављев и Кристопанс во најдобриот тим на ЛШ, според гласовите на тренерите кои се дел од големото натпреварување

Тренерите на екипите кои оваа сезона се натпреваруваа во Лигата на Шампионите го избраа најдобриот тим пред одигрување на четвртфиналните мечеви, односно играчите кои им оставија најдобар впечаток во овој дел од сезоната. Место во ОЛ-СТАР тимот имаше и за двајца играчи на Вардар. Се работи за најголемото можеби откритие оваа сезона на голманската позиција, тоа е Дејан Милосаљев, а тука е и неговиот соиграч, десниот бек Даинис Кристопанс кој е најдобар стрелец на црвено-црните во Лигата на Шампоните.  Вака изгледа најдобриот тим во ЛШ, според гласовите на тренерите.

Голман: Дејан Милосављев (Вардар)

Лево крило: Уве Генсхајмер (ПСЖ)

Лев бек: Микел Хансен (ПСЖ)

Среден бек: Енди Шмид (Рајн Некар)

Десен бек: Даинис Кристопанс (Вардар)

Десно крило: Блаж Јанц (Келце)

Пикер: Јаник Колбахер (Рајн Некар)

Дефанзивец: Тобијас Карлсон (Флензбург)

Млад играч: Мелвин Ричардсон (Монпелје)

Тренер: Хуан Карлос Пастор (Пик Сегед)