Tuesday ,10 December 2024
Последни:
Home > Slider > Карачиќ: Фала за овие седум години, жалам што одам, се надевам дека еден ден пак ќе се вратам
Карачиќ: Фала за овие седум години, жалам што одам, се надевам дека еден ден пак ќе се вратам

Карачиќ: Фала за овие седум години, жалам што одам, се надевам дека еден ден пак ќе се вратам

Како срце и душа на Вардар беше претставен Карачиќ, од страна на вардаровиот капитен. За жал, Карачиќ ја одигра последната сезона во црвено-црниот дрес, од кој се збогува со уште една Европска Титула. Играчот кој даде и премногу за овој клуб, играше и повреден и под секакви околности, секогаш оставаше срце на терен, пред навивачите се обрати со следниве зборови:

-Добро вечер Скопје и Македонија. Не сакам тажни приказни, нашата цел беше да играме на овој завршен турнир во Келн, ветивме дека ќе уживаме и играме по теренот, На нашите навивачи им ветивме дека ќе им донесеме трофеј, како пред две години. Фала за овие 7 години во Скопје, жалам што одам, се надевам пак ќе се вратам.