Tuesday ,03 December 2024
Последни:
Home > Slider > Сите играчи едногласни: Фала на сите за поддршката, да живее Вардар и Македонија
Сите играчи едногласни: Фала на сите за поддршката, да живее Вардар и Македонија

Сите играчи едногласни: Фала на сите за поддршката, да живее Вардар и Македонија

Европските Шампиони имаа свои минути да се обратат пред илјадниците навивачи, кои вечерва дојдоа да ги поздрават. Ви ги пренесуваме нивните реченици.

Чупиќ: Фала за се, Еден живот, една љубов, фала за се Македонци.

Дибиров: Добро вечер македонци. Иван Чупиќ кажа една добра реченица пред две години тука, дека е хрват, но дека се чуствува како Македонец. Ние се трудевме сите 20 играчи да кажеме дека сме Македонци. Никогаш нема да ги доживеам овие денови, како вечерва и пред две години. Уште еднаш фала за се, денес ние сме сите македонци. 

Шишкарев: Добро вечер македонци, сакам да станам македонец, но се уште не ми даваат пасош после една година. Ова е голема победа за сите нас, за цела Македонија, еден живот, една љубов.

Скубе: Не знам што да кажам навистина, сакам да го поздравам Пастор што сум дел од вас и Вардар, ве сакам сите.

Дисингер: Здраво Скопје, здраво Македонија. Ве сакам сите, многу сум горд на вас, ви благодарам за поддршката, неверојатно е да се биде дел од вас. Ајде, ајде вардаре, беше гласен германецот.

Кристопанс: Здраво на сите, ќе бидам краток, фала за поддршката, вие сте најдобрите навивачи и земја.

Калараш: Здраво Скопје и Македонијо, фала на сите, лошо зборувам македонски, но ќе научам, вие сте најдобрите навивачи кои ги имам гледано. Се чуствувам горд што ве гледам во голем број, горд што играм во Вардар, фала за се.

Милосављев: Добро вечер Македонијо, за народот со најголемо срце, за овие момци кои игравме за вас, до коска, до последна капка крв, верувавте во нас, а ние ви вративме со трофеј. Да живее Македонија, го сакам Вардар и оваа земја.

Горбок: Живеев тука со мојот најдобар цимер, тоа е Игор Карачиќ. Сакам да се заблагодарам на сите, ова е историја за сите нас, сите дадовме срце, душа. Ова е за Вардар и Македонија.

Гарсија Парондо: Добро вечер на сите, само на кратко, Ова е титула за Вардар, Скопје и цела Македонија. Сега сите заедно… шампионе, шампионе, але, але, Вардаре.

Кисељев: Здраво на сите, тебе те сакаме, тебе те бодриме, срцето мое за тебе, само напред Вардаре, пееше Кисељев со играчите и присутните.

Поповски: Секоја чест колку ве има, момци бидете горди, овде имате фамилија која живее за Скопје и Македонија, се надевам дека ќе ги повториме овие успеси и во иднина.

Војводиќ: Што да кажам, а да излезам паметен. Да се заблагодарам за големата поддршка и емоции. Ова е заедничка бајка во која сите треба заедно да уживаме.

Периќ: Добро вечер Македонија, фала за сите кои дојдовте во голем број,  за ова вреди да се живее, и Вардар ќе живее и понатаму, оваа приказна да продолжи, за сите нас, за Вардар и Македонија. 

Црвенковска: Добро вечер на сите, морам да признаам дека имам трема, не можам да кажам дека е лесно да се биде единствено женско во машка екипа. Но покрај вакви момци со големо срце, тоа е лесно. Сакам да им честитам на сите за оваа Европска титула.

Гедбан: Фала до моите соиграчи и навивачите за целата поддршка.