Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Slider > Карачиќ: Како мал сонував да ја освојам Лигата на Шампионите, тешко ми беше да кажам збогум на Вардар и Скопје
Карачиќ: Како мал сонував да ја освојам Лигата на Шампионите, тешко ми беше да кажам збогум на Вардар и Скопје

Карачиќ: Како мал сонував да ја освојам Лигата на Шампионите, тешко ми беше да кажам збогум на Вардар и Скопје

Во новата натпреварувачка сезона, Европскиот ракометен Шампион ќе влезе со изменет состав, неколку нови играчи го засилија клубот, а некои и си заминаа. Еден од нив, од кој на навивачите им дојде најтешко е сигурно Игор Карачиќ, миленик на сите вардарови фанови, играчот кој цели седум сезони го носеше црвено-црниот дрес, во кој успеа на два пати да се искачи на врвот на Европа. Сепак како што вели и Карачиќ во изјавата, спортот е таков, денес си тука, утре во друг клуб.

-Кога и втор пат ќе ја освоите Лигата на Шампионите, тогаш е време за промена, мисам дека ми требаше нов предизвик во мојата кариера. Во Вардар дојдов пред осум години, никој не веруваше дека ќе направиме таков успех, како во последните три сезони. Уште како мал сонував да ја освојам Лигата на Шампионите, со Вардар ми се оствари и тоа на два пати.

Секако дека не беше лесно да се замине од Вардар, Карачиќ важеше за голем играч, но и човек, миленик на многу вардарови навиачи, град во кој стекна и многу пријатели.

-Секако дека беше тешко да се каже збогум, не само на клубот и Скопје, туку и на сите пријатели кои ги стекнав во изминативе години. Во Вардар се чуствував како дома, имав многу пријатели со кои се надевам дека ќе се гледам цел живот. Сепак спортот е таков, никогаш не знаеш каде ќе бидеш.

Негова нова дестинација е екипата на Киелце, тим кој располага со силен состав и кој секоја сезона цели на највисоки дострели

-Киелце ми пружи шанса, повторно да играм во добар клуб и да целам на трофеи. Новите соиграчи одлично ме прифатија, полека се адаптирам во новата средина, па едвај чекам да започне новата сезона, веи хрватот.