Monday ,14 October 2024
Последни:
Home > Slider > Марија Лојаница: Поминав пет успешни години во Вардар
Марија Лојаница: Поминав пет успешни години во Вардар

Марија Лојаница: Поминав пет успешни години во Вардар

Екипата на Веспрем се обидува на секој начин да стигне до својата прва Европска титула. Покрај тоа што им стана тренд да купуваат играчи од Вардар, во новата сезона тоа се Борозан и Мораес, нов член на унгарскиот шампион е и Марија Лојаница, кондициониот тренер, кој изминативе пет години ги помина токму во Вардар.

Денес, тимот на Веспрем стартуваше со подготовки за новата натпреварувачка сезона, а токму српскиот кондиционен тренер ќе биде задолжен играчите да ги врати во потребната кондициска форма.

-Поминав пет успешни години во Вардар. Имав можност да работам и со женскиот тим, со кој на два пати игравме во големото финале од Лигата на Шампионите, но за жал и двете ги загубивме. Оваа година ја освоивме Европската титула со машкиот тим, иако никој не веруваше во тоа. Среќна сум што со шампионскиот трофеј, го напуштив Вардар и Скопје.

whatsapp_image_2019_07_22_at_11-53-01

На прашањето, дали има разлика во работата со машки и женски екипи, Лојаница одговори:

-Се работеше за професионалци, и во машкиот и женскиот тим, така да беше лесно. Рзликата е можеби во енергијата, играчите во машките тимови се целосно опуштени, додека жените се малку почуствителни. Сепак со мажите е полесно, истакна Лојаница за официјалнатга страна на Веспрем.