Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Традиционалниот, шестти турнир „Еден живот, една љубов“ започнува на 5. октомври
Традиционалниот, шестти турнир „Еден живот, една љубов“ започнува на 5. октомври

Традиционалниот, шестти турнир „Еден живот, една љубов“ започнува на 5. октомври

Традицијата продолжува, ракометната академија Вардар годинава по шестти пат го организира традиционалниот турнир „Еден живот, една љубов”. Во изминатите пет години турнирот прерасна во силен и квалитетен настан каде членовите на Академијата ги развиваат и унапредуваат ракометните вештини. Турнирот годинава ќе се игра во два викенда, и тоа викендите 5 – 6 октомври и 19 – 20 октомври. Во спортскиот центар „Јане Сандански” очекуваме повторно да се соберат најголемите вљубеници во ракометот – членовите на Ракометната академија Вардар.

Првиот викенд е резервиран за момчињата и девојките од генерацијата 2006/07. На теренот ги очекуваме екипите на Урдаревски Вардар, Ангели Вардар, Филип Вардар, Будимир Вардар, Бисинов Вардар и Балтепе Вардар во машка конкуренција. Како и екипите на Будимир 1 Вардар, Будимир 2 Вардар, Драчево Вардар, Делчево Вардар и Седмерец Вардар во женска конкуренција.
Првиот ден, 5 октомври, екипите ќе се натпреваруваат во групи, а вториот ден се разигрува за пласман.

Пропозиции и распоред за категоријата 2006/07: mashki_turnir.docx

 

Пропозиции и распоред за категоријата 2006/07: zhenski_turnir.docx

Викендот 19 – 20 октомври ќе се одигра турнирот за генерациите 2008/09 и за децата родени 2010 година и помали кои се натпреваруваат во мини – ракомет.