Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Вардар гостува кај ЖРК Стружанка, на мечот во сабота одиме на максимални 3/3
Вардар гостува кај ЖРК Стружанка, на мечот  во сабота одиме на максимални 3/3

Вардар гостува кај ЖРК Стружанка, на мечот во сабота одиме на максимални 3/3

Викенд кој следи на програмата е треттото коло во Женската Супер лига. Во истото црвено-црните дами на Ристова, Црвенковска и Царчев влегуваат со максимален ефект, ние имаме две победи по две одиграни кола. Во ова коло гостуваме кај екипата на Стружанка во  Струга.

 Ривалот  на ЖРК Вардар има половичен успех досега победа дома, и пораз во Куманово. Изминатита сезона дома ги совладаа сите екипи од врвот на табелата, освен Вардар кој успеа да се издигне во меѓусебниот дуел. На клупата на ривалот е Пановски Владимир, селекторот на кадетскиот состав на Македонија каде играа ова лето дури 11.вардарки.

Натпреварот ќе се игра во сабота, со почеток во 16-00 часот во салата „Нико Нестор“. Правдата ќе ја делат Вукашиновски Александар и Трајковски Марко од Скопје.