Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Никола Стоилевски:Очекувам да ја освоиме кадетската лига.
Никола Стоилевски:Очекувам да ја освоиме кадетската лига.

Никола Стоилевски:Очекувам да ја освоиме кадетската лига.

Момците на Зоран Петковски завршија со натпреварите во кадетската лига за првиот дел од сезоната,каде се наоѓаат на второто место со само еден пораз и пет победи.

Лигата брои седум екипи,во која и оваа сезона главни конкуренти за трофејот се Вардар и Металург.

Никола Стоилевски има 16 години,и игра на позицијата десно крило.

-Мора да се потенцира фактот дека имаме слаба лига,во која конкурент ни е само екипата на Металург.Во првиот дел од сезоната издвоивме пет победи и еден изгубен натпревар.Можеме да бидеме задоволни,но секогаш можеме и повеќе.Моите очекувања за вториот дел се шест победи,и секако освојување на кадетската лига.

Кадетите на Рк Вардар настапија и на турнир “Трофеј Београд“ каде го освоија третото место.

-Да напоменам дека игравме на турнир во Белград,каде за два дена одгравме пет натпревари.Ова секако преставува едно големо искуство за понатамошниот тек на нашата играчка кариера,ни изјави Никола Стоилевски за нашиот сајт.

02.12.2014

Звонко Ивановски

 

 

Leave a Reply