Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Дамјан Трајковски:Турнирот во Белград преставува едно големо искуство за сите нас.
Дамјан Трајковски:Турнирот во Белград преставува едно големо искуство за сите нас.

Дамјан Трајковски:Турнирот во Белград преставува едно големо искуство за сите нас.

Кадетите на Рк Вардар овие денови имаа можност да настапат на силен турнир “Трофеј Београд“ во Србија.Екипата на Вардар го освои одличното трето место,што преставува еден голем успех за овие млади надежи.

-Турнирот во Белград ни беше прв настап надвор од Македонија. Тоа за нас беше едно големо искуство. Сместувањето и пречекот од домаќинот беше одличен. Во групата ги победивме сите 3 противници. Во полуфиналето немавме спортска среќа и изгубивме на пенали, но затоа убедливо победивме за трето место.

Со доаѓањето на Сергеј Самсоненко во Рк Вардар,и нивната спортска опрема доби нов и професионален изглед.

-Со нашиот спортски изглед и комплетната хумел опрема предизвикувавме воодушувување кај останатите екипи.

Третото место преставува секако голем успех,ако се знае дека ова е прв турнир надвор од земјава за овие млади ракометари.

Игравме неколку утакмици каде противникот беше физички понадмоќен од нас, но со нашата уиграност, мотивираност и тимска игра ги победивме. Третото место е голем успех за нас бидејќи игравме на терен кај домаќинот каде секогаш има мала подршка од судиите. Јас лично сум задоволен од мојот настап како организатор на играта, но секогаш може и подобро.Сигурен сум дека ќе имаме вакви успешни настапи и на други турнири, изјави Дамјан Трајковски за Вардарфанс.

Дамјан Трајковски има 17 години и е капитен на кадетите на Вардар.

Звонко Ивановски

Leave a Reply