Веќе пет години по ред Академија Вардар организира натпревари за децата кои сѐ уште се млади за да се натпреваруваат во младинските лиги, а добиваат можност паралелно со тренинзите во текот на целата сезона да се натпреваруваат со врсниците од повеќе градови од Македонија.
Според распоредот и в недела во малата и големата сала на СЦ „Јане Сандански” ќе имаме можност да ги гледаме школите од повеќе градови, и тоа од Прилеп доаѓа Филип Вардар, од Куманово – Карпош Вардар, од Ресен – Преспа Вардар, од Охрид – Вардар Седмерец, како и скопските Драчево Вардар, Општина Кисела Вода Вардар, Будимир Вардар, Ангели Вардар и Урдаревски Вардар.
Распоред на натпревари: saatnica_skopje_08.12.2019.pdf